Македонија

„Пивара Скопје го проширува портфолиото со производите на Bacardi – Martini, Finlandia и Three cents

18 мар 2024

Од „Пивара Скопје“ континуирано го развиваат своето портфолио за да понудат  пијалаци за секоја пригода во текот на денот и да бидат 24/7 партнер за пијалаци на купувачите и потрошувачите, што е и една од најважните стратешки заложби на компанијата. Тоа  вклучува проширување со врвни понуди за жестоки пијалаци и додавање нови категории.

„Пивара Скопје“ ја презема дистрибуцијата и започна со продажба на вотката Finlandia  во февруари 2024-та година, а од март, дел од портфолиото на „Пивара Скопје’ се и производите на втората најголема компанија за жестоки пијалаци во светот „Бакарди - Маритини“ соопштуваат од компанијата.

Во новата понуда можат да се најдат светски познатите брендови како Bacardi, Martini, Bombay Sapphire, Grey Goose, Patron, Camino и St. Germain.

                                                                 

Покрај понудата за жестоки пијалаци, „Пивара Скопје“ воведе новитети и во портфолиото на безалкохолни пијалаци со  премиум тониците и содите Three Cents, бренд основан од тим на прогресивни бармени во потрага по совршениот миксер. Станува збор за премиум газирани пијалаци без какви било презервативи и вештачки бои.​ Ова значајно проширување на портфолиото беше одбележано со настан за лансирање кој се одржа во Националната опера и балет во чии рамки беше одржана кратка презентација на брендот Bombay Sapphire од Питер Гозон – бренд амбасадор за Bacardi од Унгарија, додека Александрос Сурбатис – глобалниот бренд амбасадор за Three Cents од Грција го презентираше овој уникатен бренд пред присутните. Со проширувањето на портфолиото, „Пивара Скопје“ дополнително ја зајакнува позицијата на нивните брендови како прв избор за премиум квалитетно искуство, и продолжува да испорачува најдобар квалитет додека истовремено создава дополнителна вредност и останува посветена на постигнување континуиран раст заедно со сите партнери, соопштуваат од компанијата.

Извор/Фото: „Пивара Скопје“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...