Капа доле на Кинезите, а тоа е затоа што успеале да постигнат импресивен коефициент на отпор од 0,19 cd во сериски модел

Кинескиот GAC изненади на автосалонот во Гуангжу во 2022 година со Aion Hyper GT, стилизирана лимузина со електричен погон. Капа доле на Кинезите, а тоа е затоа што успеале да постигнат импресивен коефициент на отпор од 0,19 cd во серискиот модел, што е нов рекорд. Значи, ова е најаеродинамичниот автомобил, кој ќе се движи по патиштата. Досега таа титула беше резервирана за Mercedes-Benz EQS (0,20 cd). Тоа е сепак повеќе од VW XL1 (Cd 0,189), но тоа е модел од лимитирана серија. Lightyear 0 (0,175 cd) наскоро ќе биде подобар од GAC.

Новиот модел има и активен заден спојлер кој се подигнува при брзина од над 80 km/h. Се очекува GAC да биде достапен во верзии со еден и два електромотори. 

Засега нема информации за батеријата и брзината на полнење, опсегот, перформансите. Во Кина старниот модел би можел да чини околу 42.000 евра.