[ФОТО] Пред и потоа: Куќа која докажува дека само со малку бои може драматично да го смените нејзиниот изглед

Точка

12/04/2024

15:00

9.392

Големина на фонт

а а а

Не ви треба нов мебел. Ви требаат само бои кои ќе го освежат изгледот на постоечките простории.

Со оваа логика се послужила Лаура Нортон од Велика Британија. Лаура и нејзиниот сопруг Луис, купиле трисобна куќа во 2019 година за своето четиричлено семејство. Кога започнала пандемијата биле принудени да го поминуваат времето внатре во четири ѕида, а не биле задоволни од она што го имале.


Куќата главно била функционална, но многу здодевна, покриена со бели и сиви нијанси. Тие одлучиле да го искористат вишокот слободно време и да ја преуредат – само со бои.

Трансформациите на работната соба ги чинеле само 150 фунти, односно околу 175 евра, а поголем дел од парите биле потрошени за бои за ѕидовите. Портокаловите и виолетови тонови внеле свежина во просторот и го разубавиле.


Впечатливите бои ги разубавиле ѕидовите во бањата и дневната соба, а исто така и кујнските елементи и вратата од спалната соба. Тие избрале поизразени бои и за прекривките, украсните перничиња како и другите декоративни делови од домот.

Што треба да знаете за боите во внатрешното уредување?

- Боите влијаат на нашето расположение, па треба внимателно да ги бирате особено кога станува збор за внатрешното уредување на домот. Посветлите бои визуелно ќе го зголемат просторот, а оние потемните ќе го намалат.


- Во спалната соба треба да имате бои кои смируваат, кои се пријатни за очите и со кои ги поврзуваме хармонијата и свежината. Една од таквите бои е зелената, боја за која се смета дека има лековита моќ, најмирната боја за човековото око која нѐ асоцира на стабилност и издржливост.

- Сакате визуелно да го зголемите просторот – тогаш нацртајте линии на ѕидот. Доколку не сакате сами да го правите тоа со бои, тогаш може да залепите и тапети.




Спонзорирани линкови

Маркетинг