СДСМ: Владата го реши проблемот со места во градинка, а не Митко Јанчев

Со писмена реакција на денешната прес конференција на Цанка Добринова, кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ се огласија од ОО на СДСМ Кавадарци. 

 

(интегрален текст) ВМРО- ДПМНЕ од Кавадарци се наоѓа во целосна конфузија.

Наутро ја критикуваат Владата, а попладне се фалат со проектите на Владата на СДСМ.

Митко Јанчев не го реши проблемот со сместување на децата во градинка во Кавадарци. Владата го реши.

Двете доградби на постоечките градинки и двете детски градинки во с. Марена и с. Возарци не ги изгради Митко Јанчев.

Владата ги изгради.

Митко не изгради нова детска градинка во Кавадарци.

Владата ја изгради.

Преку Министерството за труд и социјална политика во Кавадарци успеавмне да изградиме целосно нова детска градинка, со сместувачки капацитет од  142 дечиња, во вредност од 52.300.000 денари.

Покрај ова, Владата предводена од СДСМ инвестираше 11 милиони евра во инфраструктурни проекти, важни за Кавадарци.

Колеги од ВМРО-ДПМНЕ, престанете да лажете и спинувате.

Граѓаните знаат кој инвестира во инфраструктура, а кој во споменици, барок и жални врби.

О.О СДСМ Кавадарци

 



Share

Додади коментар