Свет

Велика Британија: „Морисонс“ оствари пораст на продажбата во првиот квартал

04 апр 2024

Компанијата „Морисонс“ оствари пораст на продажбата во првиот квартал од годинива, а тоа е седми квартал со остварен пораст.

 Овој пораст на продажбата, компанијата го припишува на „подобрувањето на односот со купувачите“.

Новиот извршен директор на „Морисонс“, Рами Баитиех, изјави дека компанијата ги идентификувала областите во кои што може да напредува, како што се иновациите, брзината и прецизноста, додавајќи дека потрошувачите започнале да го забележуваат тоа.

 Развивме нови планови за пораст и брзо напредуваме во нивната имплементација. На пример, во нашата работа со франшизи креиравме нов тим со посебен фокус на привлекување на нови купувачи и сме во период во кој  во просек се отвораат по три франшизни продавници неделно, изјави Баитиех, кој стана дел од оваа компанија минатат година во ноември.

Во овој период компанијата достигнала продажба од 3,9 милијарди фунти.

 Минатата година компанијата пријавила вкупен пораст на приходите од 2,7% или 14,9 милијарди фунти, како и пораст на продажбата од 1,8%.

 

 

Извор: grocerygazette.uk

Фото: „Морисонс“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...