Целта на Северна Кореја е да создаде најсилна нуклеарна сила во светот

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека крајната цел на неговата земја е да ја поседува најмоќната нуклеарна сила во светот.

Ким го објави ова синоќа додека промовираше десетици официјални лица и научници вклучени во неодамнешното лансирање на најголемата севернокорејска балистичка ракета, објавија севернокорејските државни медиуми.

„Градењето нуклеарна сила служи за сигурна заштита на достоинството и суверенитетот на државата и народот, а нејзината крајна цел е да ја поседува најмоќната стратешка сила во светот, апсолутна моќ без преседан во овој век“, нагласи Ким.

Северна Кореја минатиот петок тестираше интерконтинентална балистичка ракета Хвасонг-17, објави државната новинска агенција КЦНА. Ракетата достигна висина од 6.000 километри, покривајќи дострел од 1.000 километри и падна на околу 200 километри западно од островот Ошима во северната префектура Хокаидо, соопштија јапонските власти.

Ким го нарече Хвасонг-17 најмоќното стратешко оружје во светот и рече дека тоа ја покажува одлучноста и способноста на Северна Кореја да ја изгради најсилната војска во светот. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе