Мустафаоглу: ДПМНЕ и СДС во заедничка коалиција

1. На која широка коалиција алудирате (з)градоначалнику? Оваа која ја потврди пратеничево Бојан? Екс-градоначалникот од СДС ‘ги постави темелите’ на ДУП-ов, ДПМНЕ брзински го ‘дотера’ и го донесе со амин (дозволи) на министрите од СДС.

2. Навистина ќе мислев дека е невозможно толку брзо да издадете градежни дозволи, но кога ДУП можете да донесете во постапка пократка од 12 часа, ултра шверцерски, воопшто не ме чуди. Зашто очигледно веќе задкулисно сѐ ви било договорено.

3. Јавно достапна информација е дека дел од земјиштето на кое се протега ДУП-от е во сопственост на Имер Селмани.

4. Можете да ја замајувате јавноста сега, но за некоја година, кога сите оние штети на кои сме апелирале од Левица ќе станат реалност, од “своите” ќе бегате во Америка. Секако, доколку не Ве спасиме со поништување на ДУП-от.