Дали веќе зачекоривте во ерата на вештачката интелигенција кај телевизорите?

Самсунг телевизори: Визуелните технологии во вашиот паметен дом

Tемпото на иновации незапирливо се забрзува, а во првите редови na револуцијата на паметните домови и домашната забава секако се наоѓа Samsung, кој со своите најнови ТВ линии не само што ја продолжува својата традиција на визуелна извонредност, туку и ги позиционира овие уреди уште повеќе во центарот на опкружувањето во паметните домови. Овие телевизори повеќе не се само прозорци кон светот на забавата, туку и интелигентни менаџери на вашиот домашен екосистеми кои го подобруваат секојдневниот живот со напредна поврзаност преку апликацијата SmartThings.

Во време кога паметните домови стануваат подостапни и сè попопуларни со интеграцијата на IoT, Samsung ја користи можноста да ги трансформира своите телевизори во уште поцентрални уреди во нашите домови. Со технологијата која им овозможува на телевизорите да комуницираат со различни домашни апарати и други поврзани уреди, Samsung создава беспрекорна мрежа која не само што го подобрува корисничкото искуство, туку придонесува и за енергетска ефикасност и персонализација на домашната средина.

OLED: Максимална прецизност и осветленост на бојата

Samsung OLED телевизорите во 2024 носат подобрувања кои го трансформираат искуството на гледање, особено во светли простори како што се панорамските простории. Моделот на телевизорот S95D доаѓа со нова технологија „Glare Free“ која ја одржува прецизноста на бојата и ги намалува рефлексиите, истовремено одржувајќи ја острината на сликата. Со 20% зголемена осветленост и длабоки црни тонови, Samsung OLED телевизорите обезбедуваат исклучително визуелно искуство кое е оптимизирано за да им овозможи на корисниците целосно да „навлезат“ во содржината, без оглед на условите на осветлување во просторијата.

Паметно поврзување: SmartThings и вештачката интелигенција

Интеграцијата на вештачката интелигенција и платформата SmartThings им овозможуваат на новите Samsung телевизори да бидат централна точка за управување со паметниот дом каде корисниците можат да контролираат апарати како што се фрижидери и машини за перење, да го прилагодуваат осветлувањето, температурата и другите паметни уреди користејќи ја апликацијата SmartThings на нивниот телевизор или мобилен телефон. На пример, функцијата SmartThings Energy во фрижидерот ви овозможува да ја оптимизирате потрошувачката на енергија и свежината на складираната храна, додека можноста за прилагодување на функциите за перење алишта во машините за перење заштедува енергија и ја подобрува ефикасноста, а сето тоа можете да го следите и управувате директно од вашиот Samsung телевизор.

Напредна интеграција и контрола со 3D приказ на мапи

Новиот концепт на паметно управување со домот и приказ на 3Д мапи, претставува радикална промена во начинот на кој ја интегрираме технологијата во нашиот дом. Апликацијата SmartThings, која ја има и на паметните телевизори на Samsung, им овозможува на корисниците да видат 3D приказ на ТВ екранот за сите поврзани уреди во домаќинството во реално време. Од машини за перење и фрижидери до паметни сијалици и термостати, приказот на 3D карта нуди сеопфатен преглед на сите уреди поврзани преку платформата SmartThings. Корисниците можат брзо да ги идентификуваат уредите кои непотребно трошат енергија и да ги исклучат или да ги приспособат поставките за да ја намалат потрошувачката.
Со своите иновации во Neo QLED 8K и 4K и OLED технологијата, како и интеграцијата на овие технологии со вештачката интелигенција и платформата SmartThings, Samsung повторно поставува нови и понапредни стандарди за домашна забава и паметни домови. Со ваквиот пристап се подобрува индивидуалното корисничко искуство и се трансформира начинот на кој ја интегрираме технологијата во нашиот секојдневен живот.

Дали знаете зошто Samsung е бр. 1 телевизор во светот?

Бидејќи Neo QLED и OLED телевизори се совршено дизајнирани да се поврзат со паметниот екосистем веднаш по инсталацијата. Во моментот кога ќе го вклучите својот нов Samsung TV, овој уред ќе ги препознае и ќе се поврзе со постоечките мрежи и уреди преку едноставно праќање на известување на вашиот паметниот телефон. Со своите иновации во Neo QLED 8K и 4K и OLED технологијата, како и нивната интеграција со вештачката интелигенција и платформата SmartThings, Samsung значително го поедноставува вашиот живот, приспособувајќи го кон вашите потреби. Со AI Upscaling сите содржини кои ги следите на вашиот нов телевизор се во своето најдобро издание, како да се наоѓате во центарот на збиднувањата. Дополнително, одржливоста и грижата за животната средина секогаш има особено важно место во приоритетите на Samsung и овој пат кажете им збогум на батериите за полнење на далечинскиот управувач Sollar Cell и оставете го да се полни со дневна и сончева светлина. И, како и секогаш, безбедноста е на прво место со Samsung Knox. Секоја функција, апликација и платформа има силна заштита за да го задржи вашето поврзано искуство приватно и безбедно, за што Samsung го доби Сертификатот за општи критериуми (СС) за линијата телевизори за 2024 година.
Со севкупниот ваков пристап се подобрува индивидуалното корисничко искуство и се трансформира начинот на кој ја интегрираме технологијата во нашиот секојдневен живот.

Преднарачка за најновите телевизори на Samsung е во тек!

Почнувајќи од 01.05.2024 во времетраење од 7 дена започна промотивната понуда за преднарачка на новите Samsung телевизори. Доколку се одлучите за еден од моделите Neo QLED 8K од 65 инчи или повеќе, , Neo QLED или OLED од 55 инчи или повеќе, добивате 2 подарока: Q-series Soundbar звучници и попуст до 40.000 ден. Доколку пак вашиот избор е Neo QLED од 43 или 55 инчии, тогаш ви следуваат звучниците. Побрзајте, и искористете ја оваа извонредна промотивна понуда, за која повеќе информации можете да прочитајте тука.

Повеќе за новите Samsung TV AI прочитајте на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/tvs/oled-tv/s95d-77-inch-oled-4k-tizen-os-smart-tv-qe77s95datxxh/

https://www.samsung.com/mk/tvs/8k-tv/highlights/


Спонзорирана објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот