Светлата работат со интензитет до 160 lx или 300 lx со вклучени долги светла

Добри светла на автомобилот се еден од најважните елементи за безбедноста во сообраќајот. Секако, тоа не значи дека треба да ја намали видливоста на другите возачи кои доаѓаат кон вас. Сега, Porsche воведе нова технологија на фарови, која ја нарекува HD matrix LED, а која ќе се користи од 2023 година (се уште не се знае на кои модели). Новиот систем е развиен заедно со компаниите Hella/Forvia, Infineon и Nichia.

Новата HD matrix LED технологија функционира и за долги и за кратки светла преку два извора на светлина во секој состав. За разлика од една матрица за долго светло во центарот на фарот, новиот дизајн вклучува две HD matrix единици во долниот дел на секој фар.

Секоја од четирите единици има 16.384 пиксели во споредба со сегашните LED матрични светла со една единица кои имаат 84 пиксели по фар. Светлата работат со интензитет до 160 lx или 300 lx со вклучени долги светла. Светлата дополнително се разликуваат од оние што ги користат актуелните модели на Porsche поради микро-LED технологијата, што значи дека секоја LED диода е дебела колку човечко влакно. Целиот систем е вмрежен со камера на шофершајбната, со која светлата се приспособуваат на возилата што доаѓаат од спротивната страна и не треба да ги вознемируваат другите возачи. Со вклучени долги светла, видливоста е 600 m. Меѓу достапните функции се кратки и долги светла, долги светла без отсјај, прилагодливи долги светла на автопатот, динамична безбедносна зона и намалување на отсјајот на знаците.

Колку ќе чини кога ќе се скршат или оштетат? Сопствениците на Porsche сигурно нема да бидат премногу оптоварени со ова.