5 знаци дека некој ви се восхитува (а не се толку очигледни)

Размислете малку наназад: Дали некогаш сте забележале некој потсвесно да ги зема вашите манири или да ги користи истите фрази како и вие? Па, ова е можеби малку повеќе од само случајност. Тоа може да биде знак дека личноста ви се восхитува.

5-znaci-deka-nekoj-vi-se-voshituva-a-ne-se-tolku-ochigledni-01.jpg

Понекогаш е навистина тешко да кажеме дали некој искрено ни се восхитува или едноставно сака да биде учтив.

Сепак, психологијата открива некои не толку очигледни знаци дека луѓето ви се восхитуваат, дури и ако тоа не го покажуваат толку јасно и најчесто не се работи за големи гестови или комплименти, туку нешто за кое би требало да ги држите очите поотворени.

Неколку неочигледни индикатори дека некој ви се восхитува:

Некој ги користи вашите постапки, говорот на телото или тонот на гласот

Размислете малку наназад: Дали некогаш сте забележале некој потсвесно да ги зема вашите манири или да ги користи истите фрази како и вие? Па, ова е можеби малку повеќе од само случајност.

Тоа може да биде знак дека личноста ви се восхитува. Овој концепт е познат како „ефект на камелеон“.

Тоа е психолошки феномен во кој поединците несвесно ја имитираат личноста со која комуницираат.

Од друга страна, пак, очигледното и претерано имитирање можеби не е восхит, може станува збор за задевање или исмејување.

Затоа, чувајте ги вашите сетила будни и набљудувајте ги тие мали детали!

5-znaci-deka-nekoj-vi-se-voshituva-a-ne-se-tolku-ochigledni-02.jpg

Ги инспирирате другите да преземаат акции

Според психолозите, ако ги инспирирате другите да тргнат во акција, тоа е уште еден знак на восхит. Во суштина, кога луѓето ви се восхитуваат, тие се мотивирани да направат нешто подобро.

Запрашајте се дали некогаш другите ви кажале дека вашите постапки ги мотивирале да започнат нешто ново или да се подобрат?

Дали сте забележале дека некој ги менува своите навики или однесувања, откако ве набљудувал вас? Дали луѓето изгледаат поенергични и повозбудени по разговорите со вас?

Другите го бараат вашето мислење

Честопати сакаме да учиме од оние на коишто им се восхитуваме. Кога некој ги цени вашите мисли и перспективи, тоа покажува дека ве гледа како личност со влијание и мудрост.

Тие не ве бараат само за разговор, туку искрено сакаат да знаат што мислите затоа што веруваат дека вашите ставови се вредни и имаат значење.

Без разлика дали се работи за некој настан или лична одлука, ако другите честопати го бараат вашето мислење, тогаш големи се шансите да ви се восхитуваат.

5-znaci-deka-nekoj-vi-se-voshituva-a-ne-se-tolku-ochigledni-03.jpg

Другите ве гледаат како компетентна личност

Способноста ефективно да се претставите или да се истакнете во одредени области може да направи другите да ви се восхитуваат.

Но, како да дознаете дали оние околу вас ве гледаат како компетентни личности?

Ако на следниве изјави може да одговорите со „да“, тогаш најверојатно другите ве гледаат на таков начин:

  • Често бараат совет од вас за прашања поврзани во вашата област.
  • Често ви се доверуваат обврски кои бараат високо ниво на вештини и знаење.
  • Вашите предлози и мислења се сфаќаат сериозно.
  • Влијаете врз донесувањето одлуки.

И покрај сè, не сте премногу агресивни или доминантни

Честопати се мисли дека луѓето кои се компетентни се малку агресивни. Но, не секогаш е така.

Во основа, луѓето кои успеваат да бидат ефективни без да бидат премногу агресивни, имаат тенденција другите искрено да им се восхитуваат.

Така, тие го задржуваат своето влијание и статус, но го прават тоа на внимателен начин.

5-znaci-deka-nekoj-vi-se-voshituva-a-ne-se-tolku-ochigledni-04_copy.jpg

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Детален приказ: Како гледаат луѓето со разни проблеми со видот? Сте се запрашале ли како гледаат луѓето кои имаат глауком или оние со некои видо...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...
Навики на луѓето кои мудро ги трошат парите (и затоа се богати), низ илустрации Од мали нозе научиле дека нема потреба да трошат пари на храна што само ќе стои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg