Лекарите предупредуваат: Пет суплементи коишто можат да го оштетат црниот дроб!

Фото: Профимедиа

Додатоците во исхраната можат да помогнат да се заокружи урамнотежена исхрана за да се осигурате дека ги добивате сите важни витамини и минерали што му се потребни на вашето тело за правилно функционирање.

Меѓутоа, како и сè друго што внесуваме во своето тело, постојат некои додатоци кои можат да претставуваат потенцијален ризик – па дури и да ги оштетат виталните органи, како што е вашиот црн дроб, пишува „Бест лајф“ (BestLife).

– Вашиот црн дроб природно го детоксицира телото. Тоа е неговата примарна работа. Меѓутоа, премногу одредени супстанции може да му наштетат на способноста на телото да го прави тоа, вклучително и специфичните додатоци кои можат да го попречат овој процес – објаснува Алиса Смолен, диететичар од Њу Џерси.

Затоа, медицинските експерти велат дека е важно да следите што внесувате во вашето тело и да го елиминирате или намалите внесот на сè што може да ви наштети.

Екстракт од зелен чај

Зелениот чај е популарен пијалaк и е достапен и во облик на екстракт како додаток во исхраната. Меѓутоа, според Лин Постон, лиценцирана лекарка кој работи како здравствен работник за „Инвигор медикал“, кај некои луѓе тоа може да предизвика оштетување на црниот дроб.

– За жал, во моментов не е познато зошто предизвикува оштетување на црниот дроб кај некои луѓе, а кај други не – вели таа за „Бест лајф“.

Други експерти предупредуваат дека можеби земате додаток без да сте свесни за тоа.

– Екстрактот од зелен чај е честа состојка во таблетите за слабеење. Ако барате додатоци кои се рекламираат за слабеење, задолжително прочитајте ја етикетата за да видите дали тоа е состојка – објаснува Сара Алсинг, сопственичка на „Дилајтфули фулд“.

Црн кохош

Лекувањето на симптомите на менопауза е само една од многуте причини зошто некој би можел да избере суплемент. Но, постојат некои докази дека еден традиционален растителен лек може да претставува ризик по здравјето.

– Постојат извештаи за случаи кои го поврзуваат билниот додаток на црниот кохош со повреда на црниот дроб – вели Несочи Океке-Игбокве, медицински експерт и извршен директор на д-р Несочи интерна медицина.

„Сепак, потребни се повеќе студии за понатамошно испитување на употребата на овој додаток со потенцијална хепатотоксичност.“

Ниацин

Според Алсинг, ниацинот, познат и како витамин Б3, е неопходен за телото да ја искористи храната како енергија, помага во производството на хормоните поврзани со стресот и ја подобрува циркулацијата.

– Помага и за контрола на холестеролот – додава таа, објаснувајќи дека често им се препишува на луѓето бидејќи може да го зголеми „добриот“ ХДЛ холестерол и да помогне во отстранувањето на „лошиот“ ЛДЛ холестерол.

– Меѓутоа, високите дози на ниацин можат да го оштетат црниот дроб и да влијаат на коагулацијата, што е начин на кој телото го спречува прекумерното крвавење – предупредува таа.

Кафе

Според Даниела Арнолд, специјалист за клиничка поддршка во „Дизајнс фор хелт“, мелениот корен од кафето традиционално се користел на полинезиските острови илјадници години наместо алкохол поради неговите наводни способности да ја намали анксиозноста, да помогне во опуштањето и да потикне помирен сон. Обично, оние што го земаат додатокот ќе го измешаат мелениот корен во прав пред да го испијат.

– Но, исто како и алкохолот, тој може да биде штетен за црниот дроб ако се консумира во големи количини, Всушност, некои преданија велат дека кафето првично се џвакало и плукало, бидејќи ензимите во плунката деактивираат некои од токсичните соединенија за црниот дроб што ги содржи – предупредува таа.

Витамин А

Витаминот А е витална хранлива материја, игра важна улога за видот и имунитетот, а има и антиоксидантни својства, според Алсинг. Сепак, секој што го зема треба да биде претпазлив и да не претерува со количината.

– Дозите на витамин А кои се во рамките на препорачаната дневна доза (РДА) не се поврзани со оштетување на црниот дроб. Меѓутоа, дозите поголеми од 100 пати од РДА може да предизвикаат акутна повреда на црниот дроб. Прекумерната количина на витамин А може да ги оштети специјализираните клетки на црниот дроб, предизвикувајќи лузни и повреди на црниот дроб – вели Постон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот