Израел со понуда до Хамас: Шест недели прекин на огнот во замена за 40 заложници

ammunition near the Gaza border, southern Israel , 02 November 2023. More than 8,000 Palestinians and over 1,400 Israelis have been killed, 240 held hostages in Gaza according to the Israel Defense Forces (IDF) and the Palestinian health authority, since Hamas militants launched an attack against Israel from the Gaza Strip on 07 October. EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израелски претставници на чело со шефот на Мосад, Давид Барнеа, со нов предлог до Хамас денеска се упатија во Катар.

На маса ставена понуда која предвидува шест недели прекин на огнот во замена за 40 заложници.

Израелските власти проценуваат дека овие преговори, чии посредници ќе бидат Катар и Египет, би можеле да траат и до две недели, пренесува Ројтерс.

Хамас пак, кој повика на преговори, нуди ослободување на 35 заложници во замена за шестнеделен прекин и ослободување 350 затвореници кои во моментов се по израелските затвори, пренесува Тајмс оф Израел.

Покрај тоа, Хамас би ослободил пет жени припаднички на израелските вооружени сили во замена за 50 затвореници, а израелските сили би се повлекле од двата главни патишта во Газа за раселените Палестинци да се вратат на северот на Газа и за хуманитарната помош непречено да стигнува во таа област, што би била прва фаза од договорот.

Во втората фаза двете страни би прогласиле траен прекин на огнот, а Хамас би ги ослободил преостанатите заложници во замена за уште затвореници, додека во третата фаза Хамас би ги предал сите тела на починатите кои ги има во замена за деблокада на Газа.

Израел ја исклучи опцијата за траен прекин на огнот, останувајќи така на планот целосно да го уништи Хамас по размената на заложниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот