Повеќето луѓе сакаат да јадат добро подготвена кременадла или ребро, и иако црвеното месо е важен извор на железо и протеини, консумирањето поголеми количинни може да биде поврзано со зголемен ризик од срцеви заболувања, висок холестерол и рак.
Умереното консумирање на овој вид месо нема да ви наштети, но докторот Мајк Бол за Eatthis објаснува дека овој вид на месо, без разлика на придобивките и тоа што многу луѓе го сакаат црвеното месо, не е за секого.
Има уште една, не толку корисна страна на консумирањето црвено месо, вели Бол.
„Кога повеќето луѓе јадат црвено месо, телото ќе го апсорбира и ќе го користи за она што му треба, како градење мускули и производство на крв. Но, за жал, црвеното месо е богато и со заситени масти, а редовното јадење црвено месо е поврзано со висок холестерол, срцеви заболувања и рак, особено рак на дебелото црево“, вели Бол.
Иако повеќето намирници е добро да се консумираат умерено, црвеното месо може да предизвика проблеми кај луѓето со чувствителен стомак бидејќи нивното чувствително варење ќе има повеќе проблеми со варењето на црвеното месо. „Тоа е затоа што гастроинтестиналните проблеми го отежнуваат варењето на црвеното месо“, вели Бол.
На големи количини на масна храна, како што се бифтек и друго црвено месо, им треба подолго време за да се испразни од желудникот. Првиот знак за овој проблем е надуеност и непријатност, кои се резултат на вишокот токсини кои се акумулираат во дигестивниот тракт.
Синдромот Алфа-гал, кој беше откриен пред само неколку години, се дефинира како вид на алергија на производи од животинско потекло, особено на црвено месо. Иако овој тип на алергија е многу редок, симптомите како што се чешање, лупење на кожата, течење на носот, главоболка, стомачна болка, дијареа, повраќање и отекување на усните, јазикот и грлото се појавуваат во рок од неколку минути по јадењето црвено месо.
Повеќето видови црвено месо се богати со заситени масти, објаснува д-р Седрина Калдер, додавајќи дека тоа може да го акумулира LDL холестеролот и да го зголеми крвниот притисок. „Луѓето со дијабетес имаат зголемен ризик од срцеви заболувања, така што избегнувањето црвено месо го спречува дополнителното зголемување на нивниот ризик“, вели таа.
Американското здружение за дијабетес советува дека пациентот не треба да консумира повеќе од 20 грама масти, а еден стек може да содржи околу 19 грама. Ако знаеме дека дијабетесот го зголемува ризикот од висок крвен притисок, јасно е дека не треба да го имаме многу често на нашата чинија.
Честото јадење црвено месо може да биде штетно за оние кои носат одредени гени, а бифтекот или слични парчиња црвено месо се поврзани со развојот на неколку различни видови на рак, особено рак на дебелото црево, вели д-р Калдер, предупредувајќи: „Ако имате семејство историја на рак на дебелото црево, можеби е паметно да го избегнувате црвеното месо“.
Според Harvard Health, луѓето кои јадат 140 гр црвено месо дневно го зголемуваат ризикот од развој на рак на дебелото црево за 28%. Како што е кажано, наместо црвено месо, додадете храна како пилешко или риба во вашата исхрана.