Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Everything Everywhere All At Once“ најголем победник на Оскар 2023

„Everything Everywhere All At Once“ најголем победник на Оскар 2023

„Everything Everywhere All At Once“ ги собра речиси сите главни награди на 95-тото издание од престижната манифестација Оскар.

Оскар 2023 Оскар 2023

Филмот на Даниел Кван и Даниел Шајнерт се закити со седум статуетки, меѓу кои и наградата за Најдобар филм. За улогата во филмот, Џејми Ли Кертис ја освои наградата за Најдобра актерка во споредна улога, Ке Хуј Кван доби статуетка за Најдобар актер во споредна улога, а на Мишел Јео ѝ припадна честа да прими Оскар за Најдобра актерка. Мишел е првата Азијка која го добива ова признание. Режисерското дуо познато како „The Daniels“ победи во категоријата Најдобар режисер.

Оскар 2023 Оскар 2023 Оскар 2023

Брендан Фрејзер со солзи во очите ја прими веста дека е победник во категоријата Најдобар актер за „The Whale“, во кој има улога на морбидно дебел учител кој се срами од својот изглед.

Оскар 2023 Оскар 2023

Германскиот филм „All Quiet on the Western Front“ победи во четири категории, меѓу кои за Најдобар интернационален филм и за Најдобра кинематографија.

Оскар 2023

„Naatu Naatu“ од „RRR“ го доби Оскарот за Најдобра песна.

Оскар 2023

Целосната листа на номинации и победници можете да ја видите тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23636 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.