ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.04.2024
„Супериор Ранс – Стани, Трчај Штип“ во недела, 21 април
Автор: Goce Author

Второто издание на „Супериор Ранс – Стани, Трчај Штип“ се одржува во недела, 21.04.2024, изменет и режимот на сообраќај.

Здружението на граѓани „Супериор Ранс – Стани, Трчај Штип“ по вторпат ја организира градската трка на рамна патека. Овој спортско-рекреативен настан, насловен „Superior Runs 5k & 10k; е од општествено-одговорен карактер, а организацискиот концепт, покрај забавна програма вклучува и натпреварувачки дел.

Годинава се пријавени повеќе од 1400 спортисти, рекреативци и љубители на спортот, кои ќе се натпреваруваат во трка на 5 и 10 километри. Натпреварувачкиот карактер на настанот е конципиран со цел да поттикне мотивација за правилните спортски вредности и да ја крене свесноста околу круцијалното влијание на физичката активност врз индивидуалното и колективнотото здравје.

„Трката „Superior Runs 5k & 10k“ ќе се одржи на 21ви Април, Недела а нашата цел како  организаторот е овој мултиконцептуален настан да прерасне во традиција на градот, која на достоен начин ќе ги промовира не само спортските, туку и културните и историските атрибути на Штип, како центар на македонскиот Исток. На наше огромно задоволство, оваа финална подготвителна фаза на спортската манифестација, ја заокружуваме со над 1400 пријавени учесници, во чии редови, покрај нашите почитувани сограѓани, се вбројуваат и гости од други градови, но и надвор од границите на Македонија.

(Видео) На 21 април Супериор Ранс по вторпат во Штип

Нашето граѓанско здружение, поддржано од компанијата ‘Superior Dispatch Service’ како name спонзор, општина Штип како коорганизатор и голем број локални компании кој подржаа овој настан уште од самиот почеток. Го инициравме овој значаен спортски евент со голем ентузијазам и верба дека истиот ќе прерасне во една убава штипска традиција, во спортски празник на градот кој би станал достоен репрезент на богатата спортска историја на Штип, истовремено следејќи ги најсовремените пракси во делот на организацискиот спортски менаџмент во глобални рамки“ – велат организаторите.

За време на Супериор Ранс трката изменет режим на сообраќај во центарот на Штип

Ова е одлична можност за штипјани уште еднаш да ја афирмираат својата улога на добри домаќини и да ги докажат своите организациски способности и на полето на големи спортски ивенти на отворено. На 21ви Април, со почеток во 10:00 часот, да ги пречекаат и бодрат тркачките долж коритото на реката Отиња.

Во рамки на целокупниот организациски концепт на „Superior Runs 5k & 10k ;, е вклопен и промотивен аспект на природните убавини и децениските културни наследства на Штип, па дел од тркачката траекторија ги опфаќа убавите пејзажи на штипско Ново село,прочуените Л’џи и автентичната староградска архитектура.

Важно за граѓаните на Штип е дека за време на трката ќе има измена на режим на сообраќајот во период од 10:00 ч до 13:00 во недела на 21 април. Стартот на трката започнува во центарот на Штип, се движи по “кеј Маршал Тито”, каде накај излезот од Штип се прави полукружно свртување  и по ул. “Васил Главинов” се враќа назад и прродолжува по ул. “Генерал Михајло Апостолски” до ул. “Христијан Тодоровски Карпош” од каде пак се враќа на Стартот/Целта.

Поради ова, се упатува апел до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат поставените знаци и упатства дадени од службените лице на МВР СВР Штип како и од волонтерите поставени од страна на организаторот.

Како функционираат онлајн шопинг измамите: Ви продаваат погрешен производ, а потоа ве блокираат
Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај