ДИК со информации за одзив на гласачи

Во изборната трка има седум кандидати. Државната изборна комисија направи пресек од гласањето за излезноста.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски го објави новиот пресек за излезеност на гласачите до 13 часот. Овие проценти и бројки, според податоците на ДИК, се врз основа на обработени 3 416 избирачки места од вкупно 3 508 во општините на територијата на целата држава.

Одѕивот на гласачите до 13 часот е 26,35 одсто. Најголем излезност има во општина Новаци – 42,87 одсто, а најмал во Врапчиште – 10,18 одсто.

До 13 часот во ДИК се пристигнати 140 приговори за правото на гласање. Од нив, 16 се прифатени, што значи дека тие лица ќе може да гласаат, 9 се одбиениотфрлени, 8 се оттфрлени како неуредни, а другите се во обработка.