06 Мај, 2024
0.0283

АБАЗ: Америка ги прекрши меѓународните закони, Eрусалим е црвена линија

Објавено во: Свет 20 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Америка ги прекрши меѓународните закони, ветото на нацрт-резолуцијата на СБ на ОН е „агресија“ врз Палестинците, вели палестинскиот претседател Махмуд Абас. 

Претходно Вашингтон стави вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за полноправно членство на Палестинците во оваа интернационална организација.

Во интервју за палестинската агенција ВАФА, Абас нагласи дека „неодговорното“ и „срамно“ вето на Америка претставува „агресија“ врз правата, историјата, земјата и светилиштата на палестинскиот народ и дека овој потег го доведува во прашање почитувањето на волјата на меѓународната заедница.

„Додека светот се согласува да го применува меѓународното право и да стои на страната на Палестина, Америка продолжува да ја поддржува окупацијата, одбивајќи да го принуди Израел да ја прекине својата геноцидна војна. САД му обезбедуваат на Израел оружје и средства што ги убиваат нашите деца и ги уништуваат нашите домови, а тие стојат против нас на меѓународните форуми и не придонесуваат за безбедноста и стабилноста во регионот“, рече Абас.

Тој ја обвини администрацијата на претседателот Џозеф Бајден дека не ги почитува ветувањата и обврските, молчејќи за наводната израелска кражба на палестинските фондови.

„Ерусалим со неговите исламски и христијански свети места е црвена линија што никој не може да ја помине“, вели Абас. 

Министерството за здравство на Газа денеска соопшти дека од почетокот на војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење во Газа на 7 октомври лани, загинале 33.843 лица. Најмалку уште 46 лица загинаа во последните 24 часа, соопшти Министерството.

Можеби ќе ве интересира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук