Убиство во скопско Блаце

Убиството во скопското село Блаце се случило попладнево на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце.

„Во 18.10 ч. во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. (56) без знаци на живот, со прострелни рани од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР повикувајќи се на првичните информации.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Засега не е познато кој стои зад убистото, а според неофицијални информации, убиениот бил татко на криминалец од подземјето. Според неофицијални информации, убиениот е таткото на Гани Туша, лицето кое се наоѓа во затвор поради убиството на Орхан Бајрами - Оки.