ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Момче избоде свештеник во Австралија по што избувнаа огромни нереди

Момче избоде свештеник / Фото Твитер

Австралиската полиција уапси 15-годишно момче кое со нож го нападнало епископот Мари Емануел и уште тројца мажи за време на проповедта во асирска црква во Вејкли. Нападот се случил околу 19:10 часот по локално време.

По нападот, толпа од околу 2.000 луѓе се собрала во близина на црквата, избувнале немири и полицијата морала да воспостави ред. За време на немирите беа повредени неколку полицајци. Полицијата на Нов Јужен Велс потврди дека напаѓачот ѝ бил познат на полицијата и дека не бил редовен посетител на црквата, пренесуваат тамошните медиуми.

Напаѓачот бил совладан од верниците и моментално се лекува од тешки повреди на раката. Помошникот на полицискиот комесар Ендрју Холанд не сакаше да одговори на прашањето дали има вистина во гласините дека прстот на момчето бил отсечен како одмазда по нападот.

„Извештаите се дека има повреди на рацете – не знам колкав е обемот на тие повреди во овој момент. Повредите на раката му се доста тешки“, додаде Холанд. Во меѓувреме, полицијата продолжува да работи на воспоставување ред.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа толпата собрана околу црквата и луѓе кои удираат по прозорците на амбулантите. На едно од видеата се гледа како маж гази по главата на напаѓачот.

Во соопштението црквата потврди дека во нападот бил повреден и отец Исак Ројел. „Ве молиме да се помолите во овој момент. Желба на владиката и на отецот е да се помолите и за сторителот“ велат од црквата.

Полицијата нагласи дека ниту еден од четворицата повредени немал повреди опасни по живот. Инаку, има и снимка од самиот напад. На него се гледа како епископот зборува додека му приоѓа помладо лице облечено во црно.

Владиката гледа во напаѓачот, кој потоа го прободува во лицето и вратот. Епископот потоа паѓа на земја. Од толпата се слушаат врисоци, додека неколку луѓе брзаат напред да се обидат да помогнат. Камерата потоа се превртува. Снимката е преземена од пренос во живо од страницата на црквата на Јутјуб.

Австралиската полиција соопшти дека нападот во црквата во Сиднеј е терористички акт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот