Во врска со превртениот автомобил кај „Броз кафе“, од полиција велат дека вчеравечер во 22:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Н.(24) од Скопје удрило во бетонската жардиниера.
Според нивните информации, возачот во незгодата се здобил со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.