Американците традиционално се наклонети кон големи автомобили, пикапи и теренци, а тоа значи дека ќе им требаат големи батерии, со многу литиум…

The Guardian пренесува истражување од Climate and Community Project и Универзитетот во Калифорнија, Davis. Научниците споредиле колку литиум ќе биде потребно за да се задржи сегашниот број на електрични автомобили на патиштата во САД, како и како ќе порасне потрошувачката на литиум доколку се започнат програмите за јавен превоз со електрични автобуси. Доколку продолжи радикалното воведување возила на батерии, светското производство на литиум би требало да се зголеми тројно до 2050 година само за американскиот пазар на возила. Годишно ќе бидат потребни 483.000 тони литиум. Вкупната глобална побарувачка за литиум (исто така користен во други индустрии), познат и како бело злато, се предвидува да порасне повеќе од 40 пати до 2040 година.

Ископувањето на литиум бара огромни количества вода и е штетно за животната средина. Голем дел од него е во суви региони како Австралија, Чиле и Невада – места кои веќе страдаат од недостиг на вода поради климатските промени. Во Јужна Америка, рудниците ја затруле водата и земјата на домородните народи.

Која е идејата? Да се ​​намали потребата за литиум со постепено менување на навиките на луѓето. Поточно, повеќе пешачење и користење јавен превоз, а помалку автомобили. Градовите ширум светот веќе почнаа да ја намалуваат употребата на автомобили за да го подобрат квалитетот на воздухот, безбедноста на патиштата и квалитетот на животот. Во Париз, употребата на автомобили е паднала за речиси 30% од 2001 до 2015 година, додека во Лондон е опадната за речиси 40%.

Но, тоа нема да биде возможно на многу места во светот. Во Америка, на пример, каде градовите се распространети на многу поголема површина, а јавниот превоз не може да ги покрие сите делови од урбаните области. Исто така, Американците традиционално се наклонети кон големите автомобили, пикапи и теренци, а тоа значи дека ќе им требаат големи батерии, со многу литиум…