ПОВЕЌЕ од половина од достапните модели ќе бидат укинати

2022 Mercedes-AMG CLS

Mercedes минатата година најави нова деловна стратегија, чија цел е намалување на трошоците, но и насочување на инвестициите исклучиво во сегментот на најлуксузните модели. Влезните модели ќе останат, но гамата треба да се преполови.

Приказната сега ја потврдува и американскиот магазин Car & Driver, кој во разговор со бројни менаџери дознава дека „од 33-те каросериски форми кои Mercedes моментално ги нуди меѓу Европа и САД, ќе „преживеат“ само 14 од нив.

Звучи како вистинско „крвопролевање“, а најлошо ќе биде за љубителите на два сегменти. Да, први на удар се купеата и караваните, модели на кои веќе не им оди толку добро на пазарот. Купе и кабрио варијантите од S-класата веќе ја добиле пресудата, додека купе варијантите од С и Е-класата треба да бидат заменети со еден модел – CLE.

Веќе следната година CLS ќе биде повлечен од понудата, а со тоа и AMG панданот, GT-4 Door. Кога станува збор за теренците, GLC и GLE ќе имаат уште едно купе издание, а потоа тие верзии ќе бидат укинати.

Кога станува збор за караваните, караванот од C-класата ќе биде „пензиониран“ во 2028 година, а поголемата комби верзија од Е-класата ќе биде повлечена за две години. CLA добива Shooting Brake верзија во 2025 година, но таа ќе биде и последна.

Неименуван функционер на Mercedes ќе рече: 

„На крајот на денот, едноставно не ни требаат каравани или понуда со две врати кои лошо поминуваат за да ги зголемиме количините“. Со други зборови, Mercedes ќе ги прекине моделите кои се само локално успешни.

Британскиот Autocar дознава дека следниот E63 ќе биде plug-in хибрид, што значи дека наместо V8 ќе добие 6-цилиндерски мотор и електромотор. Станува збор за вкупно повеќе од 700 КС, но и многу вишок килограми.

2022 Mercedes-AMG CLS 53

Познато е што заминува, но што доаѓа?

Значи, Mercedes ќе префрли во поголема брзина но само во смисла на луксуз. Станува се понедостапен, а во исто време оние со подлабок џеб ќе имаат уште поголем избор. Така наводно доаѓа уште едно купе со четири врати, Maybach го најави SL, а се споменува и SUV моделот GLG. Поради зголемениот интерес, Maybach би можел да се прошири за првпат со вклучување на V-класата, а има и голем број електрични новитети. Конечно, тука е под-брендот Mythos.

А кога станува збор за електричните модели, Mercedes ќе ја подигне рампата во новата транша новитети. Во однос на батериите, станува збор за капацитет од 150 kWh и домет до 800 km.