Левица: Во сите средни училишта во Скопје ќе се отвораат сензорни соби за деца со аутизам

  • Обраќање на КАТЕРИНА ЈОВАНОВСКА советничка на Левица во Советот на Град Скопје

По иницијатива на советничката група на Левица која што денес беше усвоена во Советот на Град Скопје, во секое средно училиште ќе се отвори по една сензорна соба или вкупно ќе се отворат 23 сензорни соби во Скопје.

Бенефитите од сензорните соби за учениците кои имаат потреба од индивидуализирана поддршка во совладувањето определени вештини и знаења, односно постигање определени цели според индивидуалниот образовен план, модифицираната програма, или редовната наставна програма, се од особена важност како за учениците со аутистичниот спектар, така и за нивните асистенти и професори и се признаени како нужни од сите релеватни луѓе стручни во оваа проблематика.

Со воведувањето на целосната инлузија во образовниот процес, воведувањето на сензорни соби допринесува за развој и поддршка на училиштата во рамките на процесот на градење инклузивен образовен процес и оваа иницијатива единствено има за цел да влијае кон подобрување на воспитно образовниот процес кај сите ученици со попреченост, особено учениците со хиперактивно однесување, растројство од аутистичниот спектар, проблеми со моториката и интелектуалната попреченост.