Футуристичка книжарница инспирирана од космичкиот свет

11.01.2024 12:52
Футуристичка книжарница инспирирана од космичкиот свет

Кина е позната по своите необични футуристички книжарници. Овојпат благодарение на Ли Ксијанг од дизајнерската компанија X+Living, прометниот пазар во провинцијата Џиангсу сега има ново, ултра современо место за набавување книги. Внатрешноста на книжарницата Huai’an Zhongshuge е освежена со огромни тродимензионални структури кои потсетуваат на астрономски инструменти.

Издигнати во височините, овие небесни прстени се централните елементи во продавницата. Испреплетените прстени го заземаат просторот, исполнети со слики од книги изгледаат како да ѝ пркосат на гравитацијата додека спирално се креваат кон таванот.

„Луѓето, налик на минијатурни играчки талкаат низ инструментите и тоните од расфрлани книги кои содржат бесконечни светови, наѕирајќи ги мистериите на космосот”, вели дизајнерот на оваа фантастична книжарница.

„Од антиката до денес, истражувањето на човештвото за вселената никогаш не престанало - од армиларната сфера до вселенските ракети, од набљудувањето на ѕвездите до поминувањето низ празнината, а книгите се секогаш овде да сведочат за сето тоа”.

Огромните структури изработени од традиционални материјали од дрво се во контраст со големите стаклени прозорци кои создаваат дијалог помеѓу фантастичниот ентериер и раздвижениот град надвор. Огледалните тавани ја прошируваат околината, дозволувајќи им на посетителите вистински да се стопат со амбиентот и да се чувствуваат како да патуваат низ бесконечен простор.

Космичкиот концепт се протега сѐ до детската област, каде што колоритните вметнати полици за книги во форма на ракети, астронаути и планети овозможуваат да се разбуди фантазијата на младите читатели. Овој инклузивен дизајн ги поканува читателите од сите возрасти во фантастичниот свет на X+Living.

Архитектонскиот простор е како продолжение на сонливата реалност, духовно откровение изолирано во воздухот над градот. Среде огромното и безгранично меѓуѕвездено небо, индивидуалните вознемирувања и непријатности се ситни како дамки од прашина. Можеби, преку книгите, некој навистина може да влезе во чистиот внатрешен космички универзум...

Извор: https://mymodernmet.com

Слични содржини

Јавни простори / Уметност
Општество / Јавни простори / Свет
Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија
Општество / Јавни простори / Свет / Живот

ОкоБоли главаВицФото