Пиоли заминува од Милан на крајот од сезоната?

Фото: EPA-EFE/SERENA CAMPANINI

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и столчето на тренерот Стефано Пиоли.

Италијанскиот стратег пред две сезони го донесе Скудетото за „росонерите“, меѓутоа сезонава не му оди како што се очекуваше. Одредени италијански медиуми пренесуваат дека Пиоли сигурно заминува на крајот на сезоната. Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо речиси никогаш не греши во своите најави за следните потези на клубовите, па така е јасно дека плановите на Милан не се променети и Пиоли ќе добие отказ на крај на сезоната.

Милан веќе ја започнал потрагата по негов наследник, на спискот има три имиња. Прв на листата е Антонио Конте, кој е слободен и чека понуда. Потоа Тиаго Мота, кој прави „чуда“ со Болоња, а на листата е и екс-тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот