Гир: Македонија да ги испорача препораките дадени од ОЛАФ

Националната агенција за Еразмус плус во Македонија да ги испорача сите препораки на ОЛАФ. Ова го изјави евроамбасадорот во Македонија Дејвид Гир. Тој не сакаше да ги коментира одлуките на европската комисија, но е убеден дека во иднина нема да се намали буцетот за нови проекти за македонија финансирани со европски пари. Вчера директорот на Националната агенција за европски образовни програми Марко Ѓорѓиевски рече дека Европската комисија побарала поврат од над 2 милиони евра поради злоупотреба на пари од грантовите.