Стојчевски во 24 анализа: Сервисирањето на противпожарните апарати за жал се прави само со замена на картончето, нема никаква одговорност
Борче Стојчевски од Здружението на инженери за заштита „Тутела“, во 24 анализа рече дека голем дел од луѓето кои учествуваат во сервисирањето на противпожарните апарати не работат според прописите.
Според него, има случаи каде во апаратите за гаснењен пожар наместо прашок за гаснење се става брашно.
„За жал сите тие кои учествуваат во сервисирањето на противпожарните апарати и опрема, секоја чест на професионалците, не си ја бркаат работата. Гледаат само да се наплати да се замени картончето на апаратите. Сум работел во фирма која работела со ПП апарати. Јас сум наоѓал брашно во ПП апаратот наместо прашок. Не можам да сфатам. Висината во објектот кој изгоре си го направи своето. Тие мали апарати таму не беа ефикасни. Ако навистина имало прашок во тие апарати, не смее да има разгорување на огнот. Ако некој ставил воздух место азот треба кривично да одговара, имаме член во Законот за тоа“, рече Стојчевски.
Тој зборуваше и за тоа дека пиротехниката која се користи во вакви затворени објекти треба да е поставена и употребувана од професионалци.
„Ја видов снимката од објектот, се насочува дека прскалката е причина. Има прописи како да се користи и под кои услови, за какви висини зависи од типот на прскалките. Секоја пиротехника си има упатство и тоа треба да се користи од обучени лица. Во нашава држава во однос на пиротехника има многу малку луѓе, особено во инспекторатите, сите оние кои беа добро едуцирани се во пензија. Ако ние не едуцираме луѓе, ќе останеме без кадар. Ќе надјеме бомба ќе нема кој да ја демонтнтира“, додаде Сточевски.