Белите крвни зрнца откриваат во каква состојба е вашиот организам: Еве кога упатуваат на инфекции, канцер, срцев удар...

Точка

07/04/2024

15:23

12.570

Големина на фонт

а а а

Многумина не знаат на што укажуваат зголемените, а на што намалените леукоцити, а имаат многу важна функција во телото.

Белите крвни зрнца или леукоцитите се крвни клетки кои имаат повеќекратна функција во организмот. Најчесто се наведува имунолошката, т.е. улогата на одбрана од болести.

Имено, главната задача на леукоцитите е одбрана на организмот од опасните напаѓачи. Тоа првенствено се микроорганизмите, но и многу отровни работи.

На лабораториските наоди означени се како WBC, а нивното ниво е исклучително важно за поставување речиси секаква дијагноза и се сметаат за основа на човековиот имунолошки систем.


Можни причини за зголемен број на леукоцитите кои немаат врска со болести:

- Нивото на белите крвни зрнца може да се зголеми после оброк: затоа крвта се вади на празен стомак.

- Физички напор исто така предизвикува зголемен број на леукоцити, затоа крвта се вади наутро, после одмор. Дури се
препорачува доколку сте се качувале по скали, претходно да се одморите 15-20 минути за нивото на леукоцити да биде валидно.

- Стрес и екстремна промена на температурата предизвикуваат зголемен број на леукоцитите.

- Кај жените белите крвни зрнца се појавуваат во зголемен број пред менструација, како и на крајот на бременоста и во текот на породувањето.

- Бројот на леукоцити може да зависи и од расположението, исхраната, квалитетниот сон.

Зголемен број на леукоцити и болести

Кога во крвта ќе се измерат над 8.000 леукоцити по милиметар кубен, лекарите тоа веќе го сметаат за аларм којшто укажува дека нешто се случува во вашето тело, односно дека леукоцитите се множат за да се изборат со некоја болест. Тоа може да биде акутна инфекција, воспаленија, но и труење со храна или лекови.


На следните состојби може да укажува зголеменото ниво на бели крвни зрнца:

- Вирусна, бактериска или габична инфекција (пневмонија, сепса, менингитис, воспаление на слепо црево, чир, полиартритис).

- Труење, крвавење.

- Постоперативен тек, срцев удар, пневмонија.

- Болести на бубрезите и хронична анемија.

- Канцер во развој.

Доколку произведувате меѓу 20 и 500 илјади леукоцити, најверојатно станува збор за некоја болест на крвта, како туберкулоза, агресивен тумор. Кога ќе надмине 50.000 бели крвни зрнца најчесто укажува на леукемија.

Ниво на леукоцити под просек

Ниското ниво на бели крвни зрнца може да укажува на вирусни и бактериски инфекции како грип, хепатитис, сепса, рубеола, маларија, заушки, сида, ревматоиден артритис, откажување на бубрези, некои видови леукемија, проблеми со коскена срж, анемија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг