Уапсен кумановец, со остар предмет му се заканил на сограѓанин

40-годишен кумановец со остар предмет му се заканил на свој сограѓанин во неговиот дом. 

- На 09.04.2024 во 05.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.Ј.(40) од Куманово затоа што претходно, поради нерасчистени меѓусебни односи, со остар предмет му се заканил на О.З. во неговиот дом во населба Јане Сандански во Куманово, известија од полицијата. 

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.