10 крими серии на Нетфликс што ќе ви го пополнат слободното време

Ozark и Narcos доколку сакате серии со картели, или Brooklyn Nine-Nine ако сте расположени за комедија – крими серии на Нетфликс што вреди да ги изгледате.

10-krimi-serii-na-netfliks-shto-kje-vi-go-popolnat-slobodnoto-vreme-01.jpg

Криминалистичките серии (но и филмови и книги) се едни од најпопуларните.

Напнатоста, добро напишаните ликови, но и мрачните приказни, лесно ги привлекуваат гледачите.

Ако сте расположени за крими-серија, изгледајте некоја од следниве 10 кои се достапни и на Нетфликс:

Ozark

Главниот лик е Марти, финансиски експерт кој пере пари за мексикански картел.

Но, откако неговиот партнер почнува да краде од картелот, Марти е присилен да се пресели во мал град и да почне да пере нереално голема сума за неговиот шеф за да си го спаси семејството.

The Sinner

The Sinner е антологиска серија, односно секоја од четирите сезони се фокусира на различен случај.

Главниот лик е детективот Хари Амброуз кој пробува да реши бизарни случаи и да ги открие мотивите на злосторниците.

Mindhunter

Серијата е инспирирана од вистински ФБИ агенти кои први почнале да им прават психолошки профили на убијците.

Во серијата, агентите интервјуираат неколку сериски убијци и се обидуваат да откријат што точно е она што ги навело да почнат да убиваат.

Narcos

Веруваме дека сте слушнале за Narcos, а ако досега не сте ја изгледале, време е да ѝ дадете шанса.

Генерално, серијата се фокусира на наркобосовите во Колумбија и обидите на властите да ги фатат, почнувајќи со озлогласениот Пабло Ескобар.

Peaky Blinders

Сигурни сме дека и Peaky Blinders е серија за која сигурно сте слушнале.

Дејството е сместено во 1900-тите во Англија, а главните ликови се семејство гангстери на чие чело е суровиот Том Шелби.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg