Историско остварување на Анчелоти – 200 натпревари во ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти (64) стана првиот тренер со 200 натпревари во Лигата на шампионите. Италијанскиот стручњак испиша историја во европското натпреварување во фантастичниот четвртфинален натпревар помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити (3:3).

Рекордот го достигна преку 21 сезона и со осум екипи: Парма (6), Јувентус (10), Милан (73), Челси (18), ПСЖ (10), Баерн (12), Наполи (12) и Реал Мадрид ( 59). Притоа оствари 114 победи, 45 нерешени и 41 пораз.

„Тоа е големо достигнување. Се сеќавам на мојот прв натпревар, тоа беше против Спарта Прага кога бев во Парма. Да се достигне 200 натпревари значи многу. Успех е да се преживее толку многу години во фудбалот, особено на моја возраст”, изјави Анчелоти.

Анчелоти е и тренер со најмногу титули во Лигата на шампионите (четири) и победи (114).

Тој освои две европски титули на клупата на Реал (2014, 2022), и две на клупата на Милан (2003, 2007). Тој е исто така првиот и единствениот што ги предводел тимовите до пет финалиња во Лигата на шампионите.

Како играч, тој двапати го освои Купот/Лигата на шампионите со Милан (1989, 1990), со што стана еден од седумината со титули во Купот/Лигата на шампионите и како играч и како тренер.

Анчелоти е и единствениот тренер кој некогаш ја освоил шампионската титула во сите пет најдобри европски лиги (Милан, Челси, ПСЖ, Баерн, Реал Мадрид).

Зад него по бројот на натпревари во Лигата на шампионите е Алекс Фергусон со 190 меча, а потоа следуваат Арсен Венгер (178), Пеп Гвардиола (168), Жозе Мурињо (145), Мирчеа Луческу (115), Диего Симеоне (101), Јирген Клоп (100), Масимилијано Алегри (100)…

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе