Апасиев со чевел удираше печати на амандманите

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев на денешната седница со чевел удираше печати на амандманите и му ги доставуваше на спикерот Мисовски, со цел како што посочува да демонстрира пародизација на процесот.

Ова се случи по забелешката дека 2.500 амандмани на Левица не биле заверени и само 12 од нив биле исправни.

„Еве го ‘Жан Моне’ процесот! Одличен е! Европски, по сите стандарди, по сите шверцерски стандарди на ДУИ. А Вие како слуга на ДУИ, супер си ја извршивте функцијата. Ако ви треба пародизација на процесот - еве ви го, повелете. Многу да не ви давам или да намалам?“, рече тој.

Предлагачот на Деловникот, спикерот Талат Џафери ги одби амандманите, а и пратениците ги одбиваа со мнозинство од 74 гласа. Крмов заканувачки се доближуваше до Мисовски а Апасиев удираше со чевелот по документите.