Зрната растат на јапонскиот „остров на младоста“: Лондонско кафуле продава шолја кафе за 310 евра

Фото: Инстаграм/„Шот Лондон“

Мало кафуле во Лондон решило на своите клиенти да им понуди нешто необично и по необична цена, пишува „Дејли мејл“.

Вистинските љубители на кафето не можат да си замислат ден без својот „магичен пијалок“, а оние со длабоки џебови можат да пробаат кафе во Лондон за кое ќе треба да издвојат 265 фунти (310 евра) за една шолја.

Фото: Инстаграм/„Шот Лондон“

Кафулето „Шот“ во елитните лондонски населби Мејфер и Мерилебон наплаќа олку поради потеклото на зрната од кои се прави кафето.

Имено, кафето се прави од зрната Типика, поквалитетен подвид на Арабика. Но, тоа не е сè – тие растат и созреваат на имотот Накајама на јапонскиот остров Окинава.

Килограм од овие специјални зрна чини 1.730 евра (1.480 фунти), без трошоците за транспорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот