Регион

Хрватска: Мајонезот на „Звијезда“ е на првото место на листата „Брендскор“

30 апр 2024

Мајонезот на „Звијезда“ втора година по ред е на првото место на листата на „Брендскор“ во Хрватска, а тоа го потврдува истражувањето на „Ипсос брендплус“.

Според истражувањето мајонезот на „Звијезда“ го освоил првото место во изборот од 1.456 брендови.

 Покрај тоа, во топ 10 брендови на хрватскиот пазар биле уште три производи од „Звијезда“, соопштува компанијата преку својот профил на „Линкедин“.

 Односно, на второто место е сончогледовото масло,  на седмото е кечапот, а на осмото е маргаринот на „Звијезда“.

„Брандплус“ е едно од најголемите регионални истражувања на пазарот, а во Хрватска е спроведено врз 1.831 испитаник на возраст од 16 до 64 години, кои ги вреднувале бредновите од 70 FMCG категории.

 

 

Извор: InStore.hr

Фото: „Звијезда“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...