Италија го повика Израел да избегне поттикнување на спирала на насилство во регионот

Обука на израелски војници/ Фото: EPA/ABIR SULTAN

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето рече дека Иран ја преминал прецизната црвена линија со својот директен напад врз Израел, но го повика Израел да избегне поттикнување на спирала на насилство во регионот.

Кросето телефонски разговарал со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант и го изразил континуираното пријателство на Италија со Израел, се вели во соопштението на италијанското Министерство за одбрана.

„Преминувањето на прецизна црвена линија со директен напад врз Израел, на негова територија, е загрижувачко, но токму сега треба да бидеме зрели и да дејствуваме според правилата на меѓународното право да избегнувате да ја поттикнете спиралата на насилство по што сите ние би биле поразени“, му рекол Кросето на Галант, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот