Возачот на Ферари, Шарл Леклер, раскажа за неуспешните настапи во сезоната 2022 кои ги смета за најболни.

На барањето на новинарите да направи споредба на сопствени со тимските грешки, Леклер одговори:

-Ова прашање не е лесно. На крајот на краиштата, сите неуспеси беа многу тешко да се прифатат. Но, беше тешко во Франција – на крајот на краиштата, потенцијално можев да заработам 25 поени. Беше особено тешко со оглед на фактот дека во таа фаза од сезоната се уште се боревме за шампионската титула. Така да, тој неуспех беше болен. Многу од овие моменти не беа лесно да се преживеат, но за мене најболниот момент ќе биде неуспехот на Големата награда на Монако.

Моначанецот потенцира дека станува уште потешко бидејќи ова е уште едно негово домашно Гран при, кое го возеше најдобро.

– За жал, нешто постојано ми се случува во Монако, а оваа година не беше исклучок. Беше уште потешко бидејќи се справивме со најтешкиот дел – почнувајќи од дождот. Но, тогаш, за жал, откако направивме погрешен избор, ја загубивме трката, додаде Леклер.

Дваесет и петгодишниот Леклер во Монако тргна од пол-позиција. Во променливите временски услови, Ферари го повика Леклер во пит-стоп, меѓутоа, веднаш штом влета, тимот побара од него да остане на патеката бидејќи неговиот тимски колега Карлос Сајнц немаше време да менува гуми. Како резултат на тоа, Леклер заврши на четвртото место. Победник беше Серхио Перез од Ред Бул.

Во сезоната 2022 година, Леклер стана вицешампион со 308 поени. Пилотот на Ред Бул Макс Верстапен ја освои втората титула по ред (454 поени).


Администратор
28/11/2022 02:55