Сообраќајна несреќа на „Партизанска“, 28-годишен скопјанец се здоби со тешки телесни повреди

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Министерството за внатрешни работи извести дека денес, во 2.20 часот по полноќ, било пријавено дека во Скопје на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ со ул. „Ангел Динев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М. (41) од с. Грчец – скопско, и патничко моторно возило „нисан кашкаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.З.(28) од Скопје.

М.З. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а В.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот