Американскиот
претседател Џозеф Бајден и првата дама на САД Џил Бајден минатата година
заработиле 619.976 долари, се наведува во даночниот извештај што денеска го
објави Белата куќа.
„Претседателот
Бајден верува дека сите станари на Овалната соба треба да бидат отворени и
искрени со американскиот народ“, се вели во соопштението на Белата куќа, според
Си-Ен-Ен.
Бајден додаде
дека „треба да се продолжи долгогодишната традиција на објавување
претседателски даночни пријави на годишно ниво“.
Најголем дел од
приходите на Бајденови доаѓаат од платата на американскиот претседател од
400.000 долари, заедно со пензиите, а првата дама заработила и 85.985 долари од
нејзината позиција како професор на колеџот Северна Вирџинија.
Белата куќа ја
објави и даночната пријава на американската потпретседателка Камала Харис и
нејзиниот сопруг Даг Емхоф, во која се наведува дека парот минатата година
заработил 450.299 долари.