Не е лесно да се предвиди кога ќе следи тој настан, но тоа би можело да се случи во кое било време од сега до септември. рекоа тие.во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.
Експлозијата на T Coronae Borealis која се случува еднаш во животот ќе се појави како нова ѕвезда која силно свети на ноќното небо, пред повторно да згасне и да исчезне во следните 80 години. Професорот Даниел Браун објаснува дека небесниот настан се нарекува „нова ', кога осветленоста на ѕвездата брзо се зголемува. Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе следи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.
„Ние сме во чест, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун и посочува дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.
„Она што го прави овој пар толку уникатен е тоа што истата ѕвезда многу често ја зголемува својата светлина толку многу што станува лесно видлива за нас“, рече астрономот.
„Помасивната ѕвезда во тој пар е бело џуџе кое, во обем колку нашата Земја, може да има иста маса како и нашето Сонце“, рече Браун.
Придружникот во тој пар беше старечки црвен џин кој се ширеше и го депонираше својот материјал на белото џуџе.
„Околу на секои 80 години, бело џуџе акумулира доволно материјал за да се запали во термонуклеарна експлозија и силно да ја засили својата светлина“, рече Браун.
„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо.
„Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес. Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ се, во суштина, како водородни бомби.