[ВИДЕО] Вселенскиот теренец ќе го прави компанија која произведува мотоцикли и формули

Точка

08/04/2024

10:39

8.231

Големина на фонт

а а а

Важна вест доаѓа од НАСА: три приватни компании – „Intuitive Machines“, „Lunar Outpost“ и „Venturi Astrolab“ – во иднина ќе градат лунарни возила за американската вселенска агенција НАСА.

Трите приватни компании се одбрани за договор вреден вкупно 4,6 милијарди долари, објавила НАСА на прес-конференција. Секоја од трите компании сега ќе работи на прототип една година пред да се донесе одлуката за тоа чие возило ќе биде пратено на Месечината, како и кога.

Сите компании веќе некое време работат на слични проекти, а „Intuitive Machines“ го оствари првото комерцијално слетување на Месечината без човечки екипаж во февруари.

Во иднина, астронаутите ќе користат таканаречени „месечински теренски возила“ за патување по површината на Месечината. Прототиповите на возилата, од кои едно ќе биде одбрано за производство, мора да можат да ги издржат екстремните услови на Месечината, а високи се барањата и во поглед на напојувањето, автономното возење, комуникацијата и навигацијата.

Една компанија е од Европа

Од одбраните компании посебно мора да ја истакнеме „Venturi Astrolab“. Не само поради фактот дека доаѓа од Европа, бидејќи има седиште во Монако, туку затоа што станува збор за многу „кул“ компанија која работи одлични работи.

Така во 2021-ва година во својата компанија „Voxan“ го конструирале електричниот мотоцикл „Wattman“, со кој во Вселенскиот центар „Kennedy“ меѓу 18-ти и 23-ти ноември истата година собориле дури 21 светски рекорди во брзина. Мотоциклот го возел Макс Биаџи, а рекордната брзина изнесувала 455.737 км/ч. Мотоциклот го дизајнирал францускиот дизајнер со српско потекло Саша Лакиќ.


Понатаму, ја направиле првата пресвртница во историјата на вселенската индустрија: „Venturi“ повторно го измисли тркалото. Инженерите, хемичарите и физичарите во „Venturi Lab“ во Фрибург во Швајцарија создале единствено хипердеформабилно лунарно тркало.

Тркалото ќе се користи на роверот „Flex“ на компанијата „Venturi Astrolab“, вселенското летало кое ќе биде поставено на Месечината во 2026-та година на ракетата „Starship“ на компанијата „SpaceX“ и кое ќе се користи за превоз на товар.

Во минатото, со исклучок на мисијата „Аполо“, возилата за истражување на вселената секогаш биле опремени со крути тркала. Меѓутоа, тркалото на „Venturi“ е свитливо, а истовремено останува долговечно и робустно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг