Во секоја држава, особено оние со подолга демократија и кои држат до себе и своите потреби како и моќта на поединецот во политиката, денот на гласање е задоволство и почит кон гласачот, нацијата и државата.
Во Македонија овие избори се, заради сите околности, и повеќе од обично гласање. Многумина то го разбраа и прават се што е потребно, и што можат, да се чуе и види нивниот глас, нивната воља и однос кој својата земја.
Еве зошто нема Македонецот да дозволи да биде победен. Пиреј е тоа!- ова се само дел од коментарите оставени под ФОТОГРАФИЈАТА НА ДЕНОТ.
-Три месеци не е излезен надвор, две недели не е станат од кревет, ама кога се работи за Македонија, не постои сила што ќе го запре, пишува синот на овој татко херој.