[ФОТО] Изгледот на Деми Мур им пркоси на годините: Актерката го привлече сето внимание во проѕирен, мрежест фустан

Точка

07/04/2024

12:32

7.522

Големина на фонт

а а а

Актерката Деми Мур уште еднаш го привлече вниманието со својот изглед којшто им пркоси на годините, а овојпат се појавила на забавата на модната куќа „Dolce & Gabanna“ во Милано.

Имено, Деми била една од поканетите која пристигнала на прославата на 40-годишнината од брендот „Dolce & Gabanna“ во Милано.

61-годишната актерка била во придружба на дамите како Шер, Хелен Мирен и Лили Џејмс на вечерата на отворањето на изложбата на брендот.


За оваа прилика Деми носела проѕирен, мрежест фустан којшто бил покриен со монистра. Под ова парче облека актерката носела црна, долна облека, а косата ѝ била пуштена. Изгледот го надополнила со сандали на висока потпетица.

На изложбата присуствувало и креативното дуо на италијанскиот бренд Доменико Долче и Стефано Габана, што на јавноста ѝ дава увид во тоа како некои од култните парчиња на брендот од идејата на умовите на дизајнерите станале креации на модните писти.

Во разговор за „Financial Times“ воочи отворањето на изложбата, основачите и сопствениците на брендот објасниле дека се надеваат дека ќе раскажат приказна за тоа „од каде дошле“.

Стефано изјавил: „Нашиот сон е да ги инспирираме новите генерации, да ги охрабриме да го изразат она што го чувствуваат и да им дадеме храброст“.

Доменико додал: „Би сакале на младите луѓе во уметничките професии да им дадеме увид во алтернативата, балансот и хомогенизацијата“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг