Возило излета од пат во Штип, тешко повреден 29-годишен сопатник

стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Штипјанец вчера со „опел вектра“ излетал од пат во Штип, по што сопатникот се здобил со тешки повреди.

Како што информираат од МВР, вчера околу 10.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Брегалничка” во Штип, „опел вектра” со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од шеесет и четиригодишниот К.И.од Штип, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил дваесет и деветгодишниот сопатник Д.Ј. од Струмица, а возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип.

На местото на несреќата бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот