Насловна / Арт и дизајн / „Inflated Ass“ на дизајнерот Желтишев добитник на престижна награда

„Inflated Ass“ на дизајнерот Желтишев добитник на престижна награда

Столот „Inflated Ass“  на дизајнерот Тарас Желтишев ја доби престижната меѓународна Good Design Awards. Оваа пролет е дел од годишната изложба на наградените која се одржува од 15 март до 12 мај во Европскиот центар за архитектура, уметност, дизајн и урбанизам во Атина, а потоа ќе биде прфрлен во сталната поставка на Музејот за архитектура и дизајн Athenaeum во Чикаго.

Рускиот дизајнер на производи Тарас Желтишев создава навистина препознатливи предмети, а еден од нив штотуку го предизвика воодушевувањето на професијата и следеше признание.

Во последниве години, дизајнерот се заинтересирал за колекционерски играчки, па дури и создал цел уметнички универзум за своите ликови, каде што ги очекуваат возбудливи авантури и сериозни предизвици. Но, Тарас Желтишев не заборава на земните работи, продолжувајќи да дизајнира мебел и светилки за обичните смртници.

Наградениот стол има своја интересна историја и улога во уметничкиот универзум на Yoomoota: тоа е месојадно растение од планетата Paradise.

„Штом човек еднаш ќе седне на него, веќе не може да стане. Во такви моменти тие стануваат едно, па Inflated Ass може на човек и да му ја одземе силата и да го нахрани. Ова растение не треба да се скротува или сади. Во спротивно, можете да се најдете во вечните окови на задоволството. Ако сакате да чувате вакво растение во вашиот дом, треба да развиете самоконтрола и трпение за да одолеете на неговиот шарм“, духовито објаснува дизајнерот.

Фотелјата е изработена од филц, рачно изработен од италијанска волна, како и од метал, ткаенина и полиуретанска пена. Моделот е издаден во ограничено издание од 50 примероци.

Испрати коментар

Scroll To Top