Без вода денеска ќе бидат корисниците на дел од улиците „Ленинова“, „Дебарца“, „Никола Тримпаре“, „Коста Кирков“ и „Борка Талевски“ до булевар „Климент Охридски“ во Општина Центар, како и корисниците од улиците „Волгоградска“, „Желево“ и „Невенска“ во Општина Карпош.

Прекинот во водоснабдувањето, како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје е поради дефект на приклучна цевка ф 1" на улица „Никола Тримпаре“ бб, односно поради зафати во водоводната мрежа (промена на затворач) на улица „Волгоградска“ бр. 7.


Администратор
07/06/2023 07:14