Левица е втората политичка сила во Кисела Вода

Како Л.О. во Општина Кисела Вода на политичката партија Левица сакаме да ви се заблагодариме за подршката и довербата која ни ја дадовте на овие избори. Заедно со Вас успеавме да го пасокизираме СДСМ и да го превземеме водството во левиот политички блок во Општина Кисела Вода.

Не застануваме тука, туку напротив ова е мотив, наредните четири години да го дадеме сиот свој ангажман и да се избориме да бидеме водечка сила во левиот политички блок во собранието на Република Македонија

Како локален огранок наша заедничка цел ќе биде, градење на уште поголема инфраструктура во општината за да бидеме поблиску до вас, да си разменуваме идеи и сугестии за подобра општина и уште подобра Македонија.