logo
logo
logo

Покетино бесен на играчите: Следниот пат ќе ги избркам сите!

Vecer | 16.04.2024

Покетино бесен на играчите: Следниот пат ќе ги избркам сите!

Челзи го победи Евертон со 6:0 во натпреварот од 33. коло на англиската Премиер лига. Петтиот гол на сините дојде по удар од белата точка, пред пеналот бевме сведоци на една бизарна ситуација.

Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино збесна, а на прес-конференцијата најпрво ја коментираше дискусијата на своите играчи, а не фантастичната победа. Палмер, Мадуек, а потоа и Џексон се расправаа кој ќе го изведе пеналот, а на крајот Палмер ја задржа топката и го постигна голот.

„Најпрво сакам да кажам дека вие, играчите, стручниот штаб и клубот знаете дека Кол Палмер е изведувач на пенали. Срамно е, вознемирен сум. Многу сум вознемирен.

Во соблекувалната зборувавме за тоа како се претставуваме, ова беше натпревар кој го гледаа во секоја земја. Не можеме да испратиме ваква слика за себе. Срамно е, сакам да им се извинам на луѓето кои го следат фудбалот и на нашите навивачи, ова е неприфатливо“, изјави Покетино.

Покрај прес-конференцијата, Покетино за Sky Sports зборуваше и за кавгите на играчите.

„Реков дека ова е последен пат да толерирам вакво однесување. Следниот пат ќе ги избркам сите. Ова не е шега. Неверојатно е тоа да се случи на ваков натпревар. Гледаме дека сме во процес во кој сите учиме. Мора да се менуваме и да размислуваме за групата, а не за индивидуалните достигнувања“, додаде Покетино, чиј тим е на деветтото место со 47 бодови.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk