Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема грешка, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Ветив дека ќе победиме со најмалку 100 илјади гласови разлика, победуваме со повеќе од 170 илјади гласови. Зборувавме дека многу работи ќе се случат не ни веруваа, нè потценуваа, мислеа дека си имаат работа со мали деца. Но ние благодарение на народот покажавме и докажавме дека Македонија ја има и ќе ја има уште многу долго време. Ветував многу работи и сите работи се случија, нè напаѓаа и од внатре, ни се закануваа, се обидуваа да нè делат, се обидуваа да ја делат Македонија, користеа структури од минатото на ВМРО-ДПМНЕ, но ние издржавме. Ви благодарам од срце народе на Македонија. Ветував дека ќе се случи народ и денеска се случи народ. Ова е голема победа за македонскиот народ. Пораката е јасна, Македонија не се плаши и се враќа во рацете на народот. Ние заедно со вас наспроти стотина трговци од ДУИ и СДСМ се причина за целото страдање сиромаштија и криминал во Македонија. Нашата сила сте вие народот“, кажа Мицкоски.

„Резултатите кои ги постигнавме оставаат простор да бидеме задоволни, имаме огромна историска победа на многу избирачки места. Оваа власт паѓа. Ова е најдобриот резултат што ВМРО-ДПМНЕ го имала од позиција на опозиција. Над 600 илјади луѓе гласаа против власта, ова е победа на народот, цунамито се крена, а на 8 мај ќе ги потопи целосно. Имаме обврска да им ги срушиме сите идеи за калкулации и предавство. Ова е револуција на народот на Македонија. Работата не е завршена, а власта не е нималку наивна. На осми мај е потребен убедлив резултат, јасна победа врз оваа криминална и корумпирана власт“, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој упати порака до оние кои излегле и гласале за власта дека нема да има освета кон било кој.

„Ги почитувам вашите уверувања, повеќе никој не смее да ве плаши. Единствено треба да се плашат тие што се огрешиле кон законите, а со тоа се огрешиле кон народот. Е тие ќе одговараат“, кажа Мицкоски.

Remote video URL
реклама

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе