Изложбата на големите јапонски мајстори за дрворези – УКИЈО-Е денес во Музејот во Велес

Амбасадата на Јапонија ја најави патувачка зложбата на големите јапонски мајстори за дрворези – УКИЈО-Е од XVII и XVIII век започнувајќи од 15 март во Велес.

Денес 15.03.2024 со почеток од 13 часот во ЛУ Народен Музеј Велес, изложбата ќе ја отворат Н.Е. г. Казуја Оцука, Амбасадор на Јапонија, г. Горан Антевски, претседател на AOTS Macedonia и EFAAS и г-а Јасмина Намичева, кустос.  Изложбата е во организација на МузеумЛинк раководена од Јасминка Намичева, „Архифакт“ – Скопје, здружението за архитектура, дизајн и култура и Музеј на град Скопје. 

Изложбата, во следните три месеци ќе патува во Прилеп, Ресен, Охрид, Македонски Брод, Св. Николе, Виница, Неготино, Гевгелија, Богданци за на крајот да допатува во Скопје во јуни. Во рамки на изложбата ќе бидат организирани работилници за ученици за кои ќе се организира завршна изложба.

Патувачката изложба содржи 30 реплики од најпознатите мајстори на дрворези од XVII и XVIII век. Изложбата на македонската публика ќе и го приближи „светот кој лебди“, кој го отсликува подемот на трговската класа доловен од страна на најзначајните мајстори на УКИЈО-Е.

Изложбата ќе патува благодарение на поддршката на AOTS, ТЕП Раде Кончар и Амбасадата на Јапонија по повод 30 години од воспоставување на дипломатските односи.