Регион

Србија: Расте интересот за купување преку интернет

15 мар 2024

Граѓаните на Србија се повеќе купуваат преку интернет, за што потврдуваат и податоците за минатата година, каде што се забележани 59,2 милиони плаќања, или 37 отсто повеќе отколку во претходната година, објави Народната банка на Србија (НБС).

 Кога станува збор за плаќањето во динари, бројот на извршени купувања минатата година пораснал за 33 отсто во однос на преходната година, додека вредноста на извршените купувања била зголемена за 40,6 отсто и изнесува 114,4 милијарди динари.

 Извршени биле 40,6 милиони вакви плаќања од кои на интернет страниците на на домашните трговци биле направени 37,8 милиони купувања чија вредност изнесува 109,2 милијарди динари.

 Кај плаќањата на странските интернет страници бил забележан пораст на бројот на трансакции и тоа во евра за 52,6 отсто во однос на 2022 год,  и 49,3 отсто во американски долари.

 

 

Извор: „Бета“

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...